Новости

Рецепти

Смути од кафе – Направете нешто поразлично од утринската рутина

Ова смути се разбира е наменето само за оние кои едноставно не можат без кофеинската магија. Ако сте и вие дел од таа заведена публика од страна на овој заводник – еликсир, задолжително пробајте го рецептов, која ќе ве натера да додадет нешто ново и да ја избегнете здодевната рутина на она што се нарекува ,,само утринско кафе”.

Состојки:

– 2 помали банани

– 2 лажички мед

– 1/2 лажичка цимет

– малку морско оревче

– 250 мл. омилено кафе

– 250 мл. густ јогурт

– коцки мраз по желба

Подготовка:

Направете го вашето омилено кафе. Подгответе ги сите други состојки. Ставете во блендер и добро измешајте.

На крај, по желба, додајте коцки мраз во блендерот, измешајте сè добро и пуштете ја вашата омилена музика. Денот по утрото се познава. А има ли подобро утро од оној со добра музика и мирис на вкусно кафе. На здравје!

GOLD
To Top