Новости

Рецепти

Совршено меки воздушeсти кифлички со домати кои ќе ги сакаат вашите малечки

Сезоната на домати се уште трае, а бидејќи учениците тргнаа на училиште, денес ви носиме рецепт за совршена закуска која можете да ја спакувате во ранец за вашите малечки, а во која главната состојка е токму овој сочен црвен зеленчук.

Станува збор за воздушести меки кифлички направени од тесто со домати и вкусен фил од крем сирење, што го сакаат сите деца.

Состојки:

200 гр домати
½ лажичка сув квасец
300 гр брашно
6 млад кромид
220 гр крем сирење

Подготовка:

Измијте ги доматите, исечете ги на ситни парчиња и со блендер или миксер изблендирајте ги во пире.

Промешајте го квасецот, па истурете ја смесата во голем сад за матење.

Додадете го брашното и добро измешајте со шпатула или раце за да добиете мазно тесто.

Покријте го тестото и оставете го да отстои 15 минути. После тоа, повторно замесете тесто и оставете го да отстои уште 30 минути.

Потоа тестото ставете го на набрашнета работна површина и тенко развлечете го во правоаголник.

Младиот кромид ситно исечкајте го и измешајте со крем сирењето, па рамномерно распоредете ја смесата преку тестото.

Расукајте го тестото во ролат, па исечете го на парчиња дебели околу 4 сантиметри, покријте го со кујнска крпа и оставете го да отстои уште 30 минути.

Ставете ги кифличките во сад на пареа и варете ги 12 минути (тестото треба да нарасне за тоа време).

Потоа загрејте го маслото во тава на средно висока температура, па пржете ги ги кифличките по 2,3 минути од секоја страна.

Готовите кифлички однадвор ќе бидат крцкави, а внатре меки. Послужете ги со свежа салата или јогурт. Пријатно!

Евротип
SNBROKER
To Top