Новости

Рецепти

Совршен додаток на вашето утринско кафе: вкусни мафини со цимет без глутен

Нема ништо поубаво од тоа кога кафето ќе го надополниме со вкусни миризливи колачи или со нашата омилена торта, нели? Затоа денес ви носиме рецепт за еден совршен ароматичен десерт кој е полн со здрави состојки, а во кој ќе можат да уживаат и луѓе кои се нетолерантни на глутен.

Состојки:

130 гр. сируп Ерусалимски артишок
60 мл. маслиново масло
10 гр. квасец
5 гр. ванила
2 гр. сол
50 гр. овесна каша без глутен
150 гр. оризово брашно
8 гр. какао во прав
5 гр. цимет

Состојки за глазурата:

5 гр. лиофилизирани малини
140 гр. темно веганско чоколадо

Подготовка:

Во длабок сад добро изматете ги водата, маслиновото масло, сирупот од артишок, квасецот, ванилата и солта.

Измешајте ги преостанатите суви состојки и соединете ги, па изматете со миксер.

Подготвената смеса истурете ја во калапи за мафини и печете во загреана рерна на 170 степени 20 минути.

За глазурата растопете ја чоколадата, изладете ја и прелијте ги готовите мафини. Одозгора посипете малини и уживајте!

Извор: Elle Russia

Евротип
SNBROKER
To Top