Новости

Рецепти

Сок од цреша без конзрванс – Вистинско летно освежување

Сокот од цреша во топлите денови може да биде најдоброто можно освежување.

Овој рецепт за сок од цреша кој можете лесно да го направите дома, без да користите конзерванс и без да го готвите.

Неопходни состојки:

3 кг цреши
1,5 литри вода
40 гр сок од лимон
шеќер (колку литри течност, толку килограми шеќер)

Постапка:

Измиените вишни посипете ги со сок од лимон и додадете вода. Добро измесете ги со раце, за да се одвојат.

Оставете ги црешите во таа вода 24 часа, па процедете ги да се извади само сокот. Голема метална цедалка е одличен избор.

Измерете ја количината на добиениот сок, па додадете ја истата количина шеќер, количината е на литар сок, килограм шеќер. Со дрвена лажица измешајте го шеќерот додека не се раствори целосно. Доколку е голема количина, промешајте неколку пати. Кога шеќерот ќе се раствори, флаширајте го сирупот.

Дури и ако имате поголеми количини цреши, можете да ги замрзнете и потоа да направите нов, свеж сок.

Евротип
SNBROKER
To Top