Новости

Рецепти

Солени мафини со фета и тиква – Брз и вкусен рецепт

Меѓу предвесниците на есента, тиквата е дефинитивно една од намирниците кои најмногу ги сакаме.

Ако ви здодеаа класичните рецепти со тиква, пробајте ги нашите солени мафини, кои ќе ги направите навистина брзо. Тие се одлични топли и ладни и се многу практични за носење на работа или како здрав оброк што децата можат да го однесат на училиште.

За овој вкусен рецепт потребно е да направите пире од тиква и да го комбинирате со неколку состојки.

Одделете ги течните и сувите состојки, соединете ги во мазна смеса, ставете ја во рерна и уживајте во вкусовите и мирисите на есента.

Состојки:

За пирето од тиква:

200 гр тиква
50 гр путер
50 мл млеко
Сол, бибер, прстофат куркума

За мафини:

Пире од тиква

200 гр обично брашно
2 јајца
Прашок за пециво
100 мл грчки јогурт
150 гр фета сирење
Грст семки од тиква
Сол, бибер

Подготовка:

Подгответе го пирето од тиква. Тиквата исечкајте ја на коцки и покријте ја со вода. Гответе 20 минути на тивок оган. Процедете, додадете млеко и путер, зачинете и сето тоа претворете го во пире со миксер.

Во еден сад измешајте ги јајцата, пирето од тиква, грчкиот јогурт и фета сирењето, а во друг брашното и прашокот за пециво. Соединете ги влажните и сувите состојки со процесор за храна во мазна смеса.

Смесата ставете ја во калап за мафини, а врз секој кифла ставете по неколку семки од тиква.
Ставете ги во рерна загреана на 180 степени и печете ги 30 минути.

Евротип
SNBROKER
To Top