Новости

Рецепти

Солени палачинки од компири и шунка

Состојки:

– 1 кг компири

– 200 гр брашно

– 200 мл млеко

– 100 мл минерална вода

– 2 јајца

– 250 гр шунка

– 2 чешниња лук

– сол, бибер

– магдонос

– масло

– 1 лажица сув билен зачин

Подготовка:

Излупете ги компирите, ситно изрендајте ги и исцедете ги. Додадете ги брашното, млекото и шунката кои претходно сте ги исечкале на мали парчиња.

Измешајте ги изматените јајца, малку сол, бибер, сечканиот магдонос, издробениот лук и сувите зачини. На крајот додадете минерална вода.

Во тавче загрејте малку масло и рамномерно распоредете ја подготвената смеса како да печете палачинки. Печете ги палачинките од двете страни додека не поруменат.

Послужете со салата по избор, пишува Coolinarika.

Добар апетит

Евротип
SNBROKER
To Top