Новости

Рецепти

Спанаќ во бешамел сос

Многу вкусно јадење од спанаќ кое брзо се подготвува.

Состојки:

– 1 кг спанаќ

Бешамел сос:

– околу 40 мл масло или путер

– 3 лажици брашно

– 6-7 дл млеко

– мало морско оревче

– сол, бибер

– 250-300 гр рендан кашкавал

Подготовка:

Добро измијте го и сварете го спанаќот, не повеќе од неколку минути. Ставете го во цедалка да се исцеди и излади. Кога ќе се излади, исцедете го вишокот вода од него, па крупно исечкајте го.

Бешамел сос: брашното пропржете го на малку масло (или путер), внимавајте да остане бело, да не потемни и веднаш додадете го млекото. Гответе го сосот со постојано мешање, а потоа зачинете по вкус.

Се трга од шпорет, па се додава спанаќот и убаво се меша. Додадете го кашкавалот, но оставете барем 50 грама настрана за да посипете.

Садот за печење премачкајте го со масло, па во него прелијте ја смесата од спанаќ, бешамел сос и сирење.

Се посипува со остатокот од кашкавалот и се става во рерна да се пече, тоа треба да се направи за дваесетина минути, додека кашкавалот не ја добие таа убава кора.

Евротип
SNBROKER
To Top