Новости

Рецепти

Фантастично и едноставно – Чизкејк  од јагоди во чаша

Јагодите се можеби највкусното овошје, барем по наше мислење. И не само што се вкусни, туку и привлечно изгледаат. Па така најпрво ги вкусуваме со очи, а потоа со душа! Погледнете го овој краток едноставен и навистина сладок рецепт за чискејк направен токму од нивното височество!

Состојки:

– 125 гр сирење маскарпоне

– 150 гр јагоди

– 4 тврди бисквити

– 1 лимон

– 1 лажица шеќер

– 1 лажица шеќер во прав

– 1 лажица путер

Подготовка:

Во тенџере загрејте ги излупените јагоди, шеќер и една лажица сок од лимон. Мешајте додека шеќерот не се стопи и јагодите омекнат, три до четири минути.

Мелете ги бисквитите до ситен прав и измешајте ги со стопениот путер.

Редете ја добиената мешавина во две чаши и притиснете ја на дното.

Нежно измешајте го маскарпонето, преостанатиот сок од лимон и шеќерот во прав.

Ставете ја смесата со сирење над бисквитите и над неа сосот од јагоди.

Послужете веднаш.

Пријатно!

Евротип
Евротип
To Top