Новости

Рецепти

Феноменално кафеџиско разладување – Таи кафе по кое полуди целиот свет!

Овој пијалок се продава на сите улици и плажи во Тајланд, неодоливо личи на сладолед и претставува вистинско освежување.

Силно, кремасто и слатко се вкусовите кои веројатно накблиску можат да се опишат за овој извонреден рецепт. Направете поголема количина од овој пијалок и држете го слободно во фрижидер што би значело дека секогаш кога сте расположени за едно добро освежително кафе, вам веќе ви е на дофат!

Во прилог, можете да додадете и малку коњак, или само ликер од кафе што би бил идеален ,,дигестив” после вечера.

Состојки (за четири лица):
*2 шолји силно црно кафе

*400 грама слатка павлака

*1 чаша млеко

*1 лажичка екстракт од ванила

*1 лажичка кафеав шеќер

*слатка павлака

*кокосов чипс или кокосово брашно

Подготовка:
Во сад измешајте го кафето, слатката павлака, млекото и екстрактот од ванила и оставете го да се олади преку ноќ. Наутро, префрлете ја смесата во плиток плех и замрзнете ја четири часа.

Во меѓувреме, направете шлаг заедно со шеќер, па оставете да се излади. ,,Тостирајте” го чипсот или брашното од кокос со ширење на хартија за печење и ставте го во загреана рерна на 180 степени. Повремено мешајте и оставете го 7 до 10 минути додека кокосот добие златно-кафеава боја.

,,Истружете” го замрзнатото „кафе“ со лажица и ставете го во чаша, покријте го со претходно направениот шлаг. Посипете со кокосот над сè, со што ќе додаде крцкава текстура покрај аромата.

* Ако не сакате (или едвај чекате) да ја вкусите замрзнатата верзија, само разладете го пијалокот и послужете со многу коцки мраз!

Евротип
SNBROKER
To Top