Новости

Рецепти

Црвена кадифена торта: Најубавиот и најсочниот десерт што ќе го пробате

Вкусна кремаста и сочна торта..

Потребни состојки:

За кората: 

  • 250 грама брашно
  • 2 јајца
  • 2-3 лажици какао во прав
  • 115 грама маргарин
  • 300 грама шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила
  • 240 мл јогурт
  • половина лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка оцет
  • 3 лажици екстракт од јагода или црвена боја за колачи

За кремот:

  • 360 мл слатка павлака
  • 460-500 гр сирење маскарпоне
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 115 гр шеќер во прав

Начин на подготовка на кората:

1. Измешајте ги брашното, какаото и солта во пластичен сад.

2. Во друг сад измешајте ги екстрактот јагода и јогуртот додека не ја постигнете саканата боја.

3. Во третиот сад измешајте го маргаринот со миксер. Кога смесата ќе стане кремаста, измешајте ја со шеќерот и ванилиниот шеќер сè додека убаво не се соедини и стане повторно кремаста. Додајте две јајца и продолжете да мешате. Кога смесата ќе стане хомогена, полека додајте ја содржината од првиот и од вториот сад.

4. Ставете сода бикарбона во чаша и прелијте ја со оцет и додајте ја во смесата, па измешајте. Поделете ја смесата на два идентични делови пред печење.

5. Тортата треба да има 4 слоја, па затоа најдобро е да се испечат 2 кори, а по печењето, повторно да се преполови секоја од нив.

6. Печете околу 25-30 минути на температура од 180 °С. Откако малку ќе се изладат корите, ставете ги во замрзнувач околу еден час. Кога ќе се изладат, ќе ги исечете полесно.

Начин на подготовка на кремот:

1. Во еден сад измешајте ја павлаката, а во друг сирењето маскарпоне, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Кога ќе добиете хомогена смеса, постепено додајте ја изматената слатка павлака и измешајте сè заедно.

Премачкајте ја кората со крем, па преклопете ја со друга кора и така сè додека не се потрошат сите кори. Можете да ја декорирате тортата со свежи јагоди или малини.

GOLD
To Top