Новости

Рецепти

Чоколаден колач од вишни – слатко задоволство кое ќе сакате да го повторувате!

Сочен десерт со вишни и чоколадо.

Состојки:

– 3 јајца

– 120 гр. црно чоколадо

– 100 гр. путер

– 50 гр. гриз

– 1 лажица какао

– 80 гр. шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 1 лажица прашок за пециво

– 250 гр. вишни

– 50 гр капки чоколадо

Подготовка:

Подгответе мал калап обложен со масло со големина од приближно 25 × 20 см. Подгответе ги сите состојки, измешајте го гризот со какаото, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво.

Вишните добро исцедете ги ако се од компот или се замрзнати, па ставете ги во калап.

Стопете ги путерот и чоколадото, и оставете ги да отстојат некое време.

Изматете ги белките со малку сол со краен резултат на цврста смеса, а потоа оставете ги настрана.

Изматете ги добро жолчките со шеќерот се додека не се стопи целиот шеќер, а потоа додадете мешавина од чоколадото, мешајќи постојано.

Потоа додадете ги сувите состојки и кога ќе ги споите, додадете белки, а потоа промешајте повторно.

Истурете ја смесата врз вишните, а потоа распоредете ги капките чоколадо и печете во загреана рерна на 180 степени од 25 до 30 минути.

Исклучете ја рерната и оставете го колачот внатре уште 10 минути.

А бидејќи е лето и е жешко, убаво би било да декорирате и да се разладите со една топка сладолед над колачот.

Пријатен апетит!

Евротип
Евротип
To Top