Новости

Рецепти

Јапонски пудинг од јаболка и какао

Ова е брз рецепт за „лажен“ чоколаден пудинг кој не треба термички да се обработува, а потребни ви се само две состојки – јапонски јаболка и какао.

Потребни состојки (за една порција):

2 јапонски јаболка
4 рамноќи лажици какао во прав

Подготовка:

Излупете ги и исчистете ги јаболката, исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во блендер. Додадете го какаото и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Послужете разладени во чинии за пудинг. Тоа е тоа!

Забелешка:

Јапонското јаболко, се користи за јадење омекнато, а не тврдо. Ако јапонското јаболко е тврдо кога сте го купиле или набрале, оставете го на собна температура 4-5 дена додека целосно да омекне од сите страни.

Евротип
SNBROKER
To Top