Новости

Рецепти

Џем од сливи со рум во кој ќе уживате цела есен

Џемот од сливи е омилениот сладок овошен намаз за многу луѓе, кој со леб и путер прави совршен појадок, а на палачинки одличен домашен десерт или слатка закуска.

Стариот добар рецепт за слива е збогатен со една миризлива состојка која потсетува на есен.

Состојки за џем од сливи:

1 кг измиени и исчистени сливи

500 гр шеќер (или по вкус)

30 – 50 мл рум (или по вкус)

Подготовка:

Измијте ги свежите сливи и извадете ги коските. Преместете ги во тенџере со подебело дно и ставете ги на средна температура. Во оваа фаза измешајте ги сливите за да не се залепат на површината на тенџерето.

Сливите наскоро ќе почнат да го ослободуваат својот сок и потоа можете само повремено да ги мешате и да ги готвите на тифко или средна температура, важно е смесата постојано да врие или ние би си рекле „да крчка“.

Кога сливите целосно ќе се распаднат, додадете го шеќерот. Продолжете со готвење додека вишокот течност од сливите не испари, џемот се згусне и секоја кора од сливите се исцеди. Потоа додадете рум – 30 или 50 мл. Се вари уште една минута или две за да испари алкохолот и да остане само убавата арома.

Уживајте во ова слатко задоволство цела есен.

Евротип
SNBROKER
To Top