Џејми Оливер со рецепт за неодоливо освежување за ова лето

Популарниот готвач се бори со жештините правејќи вкусни сладоледи кои освежуваат, а можат да бидат и совршена ужина.
View this post on Instagram
Основата на овие сладоледи е овошје, но ќе бидат уште повкусни доколку ги прелиете со квалитетно бело чоколадо. Џејми советува да го сварите на пареа, да почекате пет минути малку да се олади, а потоа натопете ги лижавчињата до половина во неа. Доколку сакате, потоа замрзнете ги.
На сајтот miss7 имаат рецепт за ова освежување.
Состојки:
1 голема банана
300 гр бобинки
400 мл сок од јаболко
50 гр овесна каша
мед
100 гр бело чоколадо
Подготовка:
Во блендер ставете ги бананите, бобинките, житариците и сокот од јаболко. Мелете додека смесата не стане мазна, вкусете и по потреба додадете мед.
Префрлете ја смесата во 12 калапи за сладолед и ставете ја во замрзнувач најмалку два часа.
