Новости

Рецепти

Oдличен рецепт за божиќната трпеза: Полнета мисирка со зеленчук

Потребни производи:
1 цела мисирка без врат и малите нешта
2 чаши морска сол
½ чаша масло, стопено
2 големи главици кромид, сецкани
4 моркови, сецкани
4 стапчиња целер, сечен
2 стапчиња свежа мајчина душица
1 ловоров лист
1 чаша суво бело вино

Подготовка:
Намачкајте ја мисирката темелно со солта. Ставете ја во голем сад. Покријте ја со ладна вода. Оставете ја да отстои преку ноќ во фрижидер за да се осоли добро месото.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исплакнете ги добро мисирките, за да се отстрани вишокот сол на кристали. Истурете ја и солената вода.

Намачкајте ја обилно мисирката со половина од стопениот путер. Ставете ја со градите надолу во плиток сад за печење. Истурете половина од исечениот зеленчук околу мисирката. Со остатокот од зеленчукот, заедно со ловоров лист наполнете ја внатрешноста на мисирката. Истурете го белото вино во тавата.

Печете околу 4 часа во загреана рерна на 180 степени и периодично мачкајте го со масло месото. Ако се наметнува покријте, за да не изгори.

Послужете со печени компири или гарнир од зелена салата.

GOLD
To Top