Новости

Рецепти

Pasta alla Norma – Сицилијански рецепт во кој ќе ужива целото семејство

Pasta alla Norma е специјалитет на Сицилија, кој наводно го дели своето име со операта на Белини. Според друга теорија, потекнува како „норма“ за другите јадења направени во Катанија.

Пробајте да одолеете на овој фантастичен рецепт со пикантни вкусови кој за миг ќе ве натера да се чувствувате како да сте дел од некоја магична италијанска приказна.

Состојки:

1 голема модар патлиџан

4 лажички маслиново масло

3 чешниња лук

4 домати или конзерва излупени домати

25 гр босилек

150 гр – 200 гр тестенини

1 лажица пармезан

Подготовка:

1. Исечете го модриот патлиџан на ленти или коцки, додадете сол и оставете го настрана половина час.

2. Загрејте половина од количината на масло во тавата.

3. Исплакнете ги модрите патлиџани во ладна вода, избришете ги со крпа и ставете ги во тава 15-20 минути, повремено вртејќи.

4. Загрејте го остатокот од маслото и додадете го исечканиот лук, а по неколку минути, додадете го доматот и половина босилек. Гответе на тивок оган 20 до 30 минути додека сосот не се згусне, потоа додадете го модриот патлиџан и варените тестенини.

5. Посипете со сирење или пармезамќн и се разбира неизбежниот италијаски зачин босилек. Послужете, пуштете канцона и уживајте во пријатно друштво. А ако толку ви звучи примамливо, можеби е себично, но уживајте во друштвото со себе си.

Евротип
Евротип
To Top