Новости

Култура

Наградата „Св. Климент Охридски“ за литература и култура за Зоран Пејковски

НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата му ја додели на македонскиот драмски писател Зоран Пејковски.

Станува збор за една многу значајна, вредна и престижна награда што ја доделува оваа Национална установа на автори кои оставаат длабок печат во литературата и културата. Таков овој пат е Зоран Пејковски кој само оваа 2016-та година објавил четири книги: Збирките песни „Да не ми е сон“ во издание на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје, кој целосно е препеана на романски јазик, а на 22-ри ноември промовирана беше во Букурешт. Потоа збирката песни „Златна прашина“ за која ја доби и наградата „Јован Котевски“, па книгата „Избор драми-трагедии“, која ја приреди проф.д-р Димитар Пандев, кој во насловот од предговорот ќе напише: „Драмите на Зоран Пејковски – врв на македонскиот и светскиот натурализам“, со што го потврдува фактот дека Пејковски е единствениот натуралист во македонската литература. И сценско-драмскиот рецитал со пролог и епилог „Херувимите на Самуиловата круна“ кој беше одигран во 2014-та година по повод 1.000-годишнината од смртта на царот Самуил од актерите на Народниот театар од Битола.

Писателот Зоран Пејковски ја доби и наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува издавачката куќа „Феникс“ за романот „Градот на Јужното Море“.

 

GOLD
To Top