Новости

Култура

Прва самостојна изложба на Марија Велевска Анастасовска

На 11 декември 2018 се одржа првата самостојна изложба на уметнички дела од дипломираниот ликовен уметник Марија Велевска Анастасовска MAR•VEL
Изложбата беше поставена во просториите на локалот Porta Jazz во период од 11 до 13 декември во Битола. Изложени беа 40 апстракни дела во повеќе техники: масло на платно, акрил на платно и комбинирана техника.
Во присуство на голем број на гости изложбата беше отворена од м-р Оливера Макриевска – историчар на уметноста, конзерватор советник во НУ Завод и музеј Битола.
На позитивната критика при отварањето на изложбата се приклучија и бројните гости кои беа во меѓусебен натпревар за изнаоѓање на својот фаворит меѓу делата.
На големо “разочарување” на гостите сите дела се веќе продадени кое воедно е и голем почеток и потик за младиот уметник да продолжи со својата работа.
Марија Велевска Анастасовска е дипломиран ликовен уметник на катедрата по сликарство на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, во класата на проф. Антони Мазневски и завршена конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Кузмановски.
До сега има учествувано во повеќе групни изложби, а активен член е и на Друштвото на ликовни уметници од Битола.
Добитник е на “Ноемвриската награда” за инвентивност доделена од уметничкиот совет на ДЛУБ за 2016 година.

GOLD
To Top