Новости

Филм

Џејмс Бонд ќе вози електричен автомобил во најновото продолжение

Британските медиуми најавија дека најновиот 007 , кого го игра Даниел Крег , во 25. продолжение за Џејмс Бонд ќе го вози електричниот автомобил Рапис Е , вреден околу 300 000 евра. Астон Мартин потврди дека произведува ограничено издание од 155 примероци од тој автомобил , но од таму не коментираат за тоа дали се наменети за најновиот 007.

Режисерот Кери Џоџи Фукунага , како познат активист за заштита на животната средина, се заложил новиот Џејмс Бонд да не вози брзи бензински автомобили.

Фукунага дојде на местото на британскиот режисер Дени Бојл , кој се повлече минатата година поради ,,креативни разлики”.

GOLD
To Top