Новости

Филм

Џокер снимен за 55 милиони долари, а се ближи заработка од една милијарда

„Џокер“ се ближи кон заработката од една милијарда долари на светско ниво, што ќе го направи еден од најисплатливите филмови на сите времиња.

Откако овој викенд донесе приход од дополнителни 34 милиони, „Џокер“ сега е на заработката од 934 милиони долари, од кои 300 милиони во Северна Америка, што оваа година не му успеало на ниту еден филм кој не е поврзан со „Дизни“ или „Марвел“. Овие бројки се уште поимпресивни ако се знае дека филмот не се прикажувал во Кина.

„Џокер“ се покажува како еден од најголемите успеси на „Ворнер брос“ и „Ди-Си“, имајќи предвид дека бил снимен со буџет од околу 55 милиони долари. Тој веќе ги надмина „Бетмен против Супермен“ (873 милиони долари) и „Вондер Вуман“ (821 милион).

Колку за споредба, во „Одмаздници 4“ биле вложени над 300 милиони долари.

GOLD
To Top