Новости

Филм

Актерот со потекло од Битола, Крис Петровски доби главна улога во филм со Дени Гловер

Македонскиот актер Крис Петровски ќе игра една од трите главни улоги во филмот „Тапанарот“. Тој ќе глуми заедно со холивудската ѕвезда Дени Гловер („Смртоносно оружје“) и младиот актер Сем Андервуд („Декстер“), пишува порталот „Република“.

– Филмот е во пред-продукција. Мислам дека не се избрани ни сите актери. Ќе почне да се снима кон крајот на годината. Возбуден сум пред новиот предизвик, пред сè, поради тоа што ќе работам со вистинска филмска ѕвезда како што е Дени Гловер – рекол Крис.

Ова е досега една од најголемите улоги на Крис, кој во Америка стана познат по улогата на рускиот шпион Дмитри Петров во хит-серијата „Госпоѓа државен секретар“, каде што глумеше заедно со Морган Фриман, Теа Леони и Тим Дели.

27-годишниот Крис е роден во Битола. Неговото семејство се сели на Нов Зеланд, каде што пораснал. Откако добива стипендија за студира на престижната актерската школа „Стела Адлер“ во Лос Анџелес, заминува во Америка и почнува да си го пробива патот во филмскиот свет. По дипломирањето се сели во Њујорк за да го глуми ликот на Дмитри Петров. Оваа година Крис играше уште во неколку филмови меѓу кои „Брејкинг Бруклин“ и „Град во рајот“. Двата филма ќе имаат премиера на крајот на годината.

Извор: republika.mk

GOLD
SN Finansii
To Top