Новости

Филм

ВИДЕО: Конечно првиот тизер од последната сезона на Game of Thrones

Долго очекуваната последна сезона на серијата Игра на Тронови ќе ја има својата премиера на 14 април, потврдија од ХБО. Најавата се наоѓа на крајот на новиот таинствена и морничав трејлер на режисерот Дејвид Нутер.

Во видеото Џон СноуСанса и Арја Старкчекорат во подземната гробница на домот на нивните предци во Винтерфел. Откако поминуваат низ статуи на починатите членови на династијата Старк, тие најпосле доаѓаат до сопствени статуи, што може да се разбере како нивна смрт во серијата. Трејлерот завршува со сцена во која гробницата се исполнува со ледена магла, сугерирајќи доаѓање на главните антагонисти во серијата – Белите Талкачи (White Walkers).

Адаптирана од романите на Џорџ РР Мартин, Игра на Троновите се покажа како убедливо најголем успех според рејтинзите на ХБО, освојувајќи голем број награди и присвојувајќи огромна меѓународна публика по почетокот на емитувањето во 2011 година. Нема многу детали околу новата 8-ма сезона, која ќе биде и последна, меѓутоа потврдено е дека таа ќе биде сочинета од шест епизоди кои ќе бидат подолги од досегашните.

Меѓу работите кои се знаат за последната сезона е и тоа дека во една од епизодите публиката ќе може да види една од најголемите акциони секвенци досега изработени за телевизија или филм.

GOLD
To Top