Новости

Филм

Вечерва битолска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Вечерва во големата сала на НУ Центар за култура Битола ќе се одржи битолската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, со почеток во 20:00 часот.

На премиерата во Битола ќе присуствуваат актерите Зорица Нушева, Петар Мирчевски и Илија Волчески.

Филмот е во режија на Теона Стругар Митевска. Сценариото е на Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, а главната улога игра ја игра актерка Зорица Нушева која првпат се појавува на големото платно.

Филмот„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ доби награда од независното жири „Ecumenical” и награда „Guild Film Prize” во рамки на Берлинскиот филмски фестивал.

„Филмска комета од Македонија“, „Актерка која го освојува срцето“, „Неизмерно моќна сатирична драма“, „Тотален успех“, „Воодушевување за публиката“ – се само дел од светските критики. Филмските критичари од меѓународниот печат филмот го оценуваат како „вистинска борба против стереотипите и патријархатот“, а пак извонредната актерка Зорица Нушева како „вистинско откритие“.

Филмот ќе се прикажува во НУ Центар за култура Битола од 28 до 31 март 2019 г. во 20:00 ч.

 

GOLD
To Top