Експанзија на верски филмови во Холивуд

Мерилин Монро еднаш го опиша Холивуд како место „каде ќе ви платат 1000 долари за бакнеж, а 50 центи за душата“. Изгледа тоа не е веќе така.
Филмовите со верска тематика се снимаат многу повеќе од досега во историјата.
„Филмовите кои се темелат на верата можете мирно да ги ставите во оние жанрови кои ќе донесат заработка на благајните“, вели филмскиот аналитичар, Пол Дергарабедијан.
Но и истакнува еден предуслов.
„Не можете само да влезете кај директорот на студиото и да кажете „верските филмови одат одлично, ајде да снимиме и ние еден“. Тие мора да бидат автентични. Во спротивно, верниците ќе знаат дека не е на вистинското“, вели тој.
Во поголем дел од авериканската филмска индустрија, би се снимиле неколку верски филмови годишно. Од 1990-та година таа тема била во експанзија, а сега во кино пристигнуваат по неколку месечно. Разликата е во тоа што во новото доба се избегнуваат епските библиски драми, а се снимаат модерни, современи приказни со верска тематика.
Минатата недела меѓу десетте најгледани филмови во Америка беа два филма со верска тематика.
Христијанската биографска драма „I can only imagine“ со Денис Квејд на импресивно трето место на бокс-офисот со заработка од 38 милиони долари за само две недели.
На осмото место е филмот „Павле, апостол Христов“ во кој една од споредните улоги ја има Џи Кавизел, кој го играѓше Исус во „Пасија“ на Мел Гибсон во 2004 година.
Инаку токму „Пасија“ е верскиот филм со најголема заработка во историјата, 600 милиони долари. Моментално се во тек преговори за снимање на продолжение.
