Новости

Филм

Истражување: Зголемен број самоубиства кај деца по прикажување на серијата „13 причини зошто”

Според една студија, од април 2017 година, бројот на самоубиства кај децата на возраст од 10 до 17 години во САД е зголемен за една третина, а тоа зголемување се случило откако Нетфликс почна со прикажување на серијата „13 причини зошто”.

Истражувачите на Националниот институт за здравство (НИХ) објавија дека поради ограничените податоци, тие не можат да најдат директна врска со зголемувањето на бројот на самоубиства и серијата, но дека од април до декември 2017 година биле регистрирани 195 самоубиства на деца на возраст од 10 до 17 години, што е повеќе отколку во претходните години. Повеќето самоубиства ги извршиле момчиња.

Во резултатите од студијата во која учествуваат неколку универзитети, болници и Националниот институт за ментално здравје се наведува дека „тоа треба да биде потсетник за да се земат предвид можните несакани последици од прикажување самоубиство, како и повик до забавната индустрија и медиумите да користат најдоброто достапно искуство кога се занимаваат со таа тема. ”

Серијата „13 причини зошто” зборува за тинејџерка која оставила 13 снимки објаснувајќи зошто одлучила да изврши самоубиство. Во последната сцена од првата сезона, главната хероина е прикажана како ги сече вените во када.

МИА

GOLD
To Top