Новости

Филм

Конечно откриено името на новиот филм за Џејмс Бонд

Долгоочекуваниот нов филм за Џејмс Бонд ќе се вика „Нема време за умирање“ (No Time To Die), е објавено на официјалниот Твитер-профил на продукцијата.

Филмот претходно имаше работен наслов „Рака која разбива“ (Shatterhand), но називот е променет за да биде во склад со претходните култни филмови за британскиот шпион. Филмот сè уште се снима, а ова ќе биде последното појавување на Даниел Крег во улогата на агентот 007, пренесуваат од „Дејли мејл“.

Во новиот филм, мирниот живот на агентот 007 на Јамајка е прекинат кога неговиот пријател Феликс ќе го повика да му помогне во мисијата за спасување на киднапираниот научник.

Режисер на 25. филм за Бонд е Кери Фукунага, додека сценариото го напишала Фиб Валер Бриџ. Продукцијата конечно почнала во април, откако била одложена за неколку месеци по заминувањето на режисерот Дени Бојл.

Премиерата на филмот за Џејмс Бонд закажана е за 3 април следната година во Велика Британија и на 8 април во САД.

GOLD
To Top