Новости

Филм

Не пропуштајте ги битолските „ПРАЗНИ МУАБЕТИ”

Повеќе од сигурно е дека оваа есен, главна тема ќе бидат битолските “ПРАЗНИ МУАБЕТИ”. Вистинска реткост е надворешна продукција од нашиот град да се пробие на национално ниво. За среќа тоа им успеа “од прва” на ДЕЛ АРТЕ, во чија продукција се создаде овој проект.
“ПРАЗНИ МУАБЕТИ” е комично шоу кое плени со свежината на хуморот кој во себе го носи, пред се’ заради оригиналноста на концептот, но исто така и заради дистанцирањето од политичката сатира и политиката воопшто. Секоја епизода е поделена на шест рубрики, кои тематски ги издвојува скечевите:
1.Снепчет. (Краток виц со кој започнува епизодата.)
2.Голи митови. (Комичен приказ на ликивите од литературата.)
3.Кексот и градот. (Урбани ситуации од секојдневниот живот.)
4.Раскажувачот. (Чудак кој раскажува луди и смешни бајки.)
5.Мултивитамини. (Пародија на позната странска песна и спот.)
6.Стариот мудрец. (Духовита мисла кажана на чуден јазик.)

Првата сезона брои дванаесет епизоди, со премиера во сабота во 16:15 часот на 1ТВ, а репризи во недела во 12:15, додека пак вечерта во 22:15 стартува на регионалната ТЕРА, по што следуваат уште четири репризи во текот на седмицата.
Сите оние кои ги пропуштиле првите видеа, од денес ќе имаат можност да ги погледнат на youtube.

GOLD
To Top