Новости

Филм

Нов и последен дел од франшизата на “Рамбо”

Најновото продолжение на франшизата за Рамбо „Rambo Last Blood“, петти и последен дел од познатата франжиза, премиерно ќе биде прикажан на 20 септември, а главната улога ја толкува Силвестер Сталоне.

Рамбо, овој пат тргнува за Мексико за да ја врати киднапираната ќерка на неговиот пријател. На тој пат Рамбо се судрува со еден од најсилните мексикански картели.

Режисер на петтиот дел е Ејдријен Гранберг, а сценариото е на Сталоне и Крулник.

Ивет Монреал ја игра киднапираната девојка Габриела, додека Пас Вега ја игра Кармен Делгадо, репортерка која ја следи трговијата со дрога во Мексико и му помага на Рамбо.

GOLD
To Top