Новости

Филм

Предлог филмови кои мора да ги гледате за време на изолацијата

Ви предлагаме неколку филмови на тема изолација кои мора да ги гледате за време на изолацијата додека трае коронавирусот. #СедиДома

Cast Away – Бродолом на животот

Чак Ноланд (го игра Том Хенкс) е врвен професионалец, вработен во фирмата „Федекс“, така што често патува по светот. Неговиот брз живот ќе биде прекинат кога паѓа авионот со кој лета на една работна задача. Чак успева да преживее, но останува сам на еден далечен остров, отсечен од цивилизацијата и без можност да се спаси.

Buried – Жив закопан

Американецот Пол (го игра Рајан Рејнолдс) работи во Ирак. По ирачки напади, Пол се буди во ковчег жив закопан. Со себе има запалка и мобилен. Времето за спас е многу кратко.

Safe – Безбедно

Во фокусот на оваа тешка психолошка драма, хорор на душата од 1995 година е Керол (Џулијан Мур), мирна и ненаметлива жена која почнува да реагира на сите хемикалии во околината. Морничавата атмосфера и мистериозната болест во околината најдобро се пренесени со репликата од филмот „Дали сте алергични на 20 век?“

127 Hours – 127 часа

„127 часа“ е вистинита приказна за неверојатната авантура на алпинистот Арон Ралстон (Џејмс Франко), кој се спасува себеси, откако еден паднат камен му ја згмечува раката и го заробува во еден изолиран кањон во Јута. Во следните пет дена Ралстон го преиспитува својот живот и преживува во природата, откривајќи дека има храброст и способност да стори сè за да се ослободи, да се искачи на 20-метарски ѕид и да пешачи 12 километри пред конечно да биде спасен.

The Shining – Сјаење

Џек Торенс (го игра Џек Николсон), писател и поранешен учител, добива работа во еден хотел во близината на Денвер, како чувар за време на зимската сезона, кога хотелот е затворен. Притоа, хотелот е на лош глас поради еден дамнешен настан, кога тогашниот чувар го масакрирал неговото семејство. Неговиот син Дени (го игра Лојд) има парапсихолошки способности: страда од синдромот на двоен идентитет и има необични визии. Пред да настапи зимата, Торенс, неговата сопруга Венди (ја игра Дувал) и Дени се сместуваат во хотелот, каде што живеат потполно сами, но набргу, целиот крај го зафаќа голема снежна бура и тричленото семејство останува отсечено.

Panic Room – Соба за паника

Неодамна разведената Мег Алтман(Џоди Фостер), а единаесетгодишната ќерка Сара (Кристен Стјуарт) се преселија во стара зграда  на четири ката во горниот дел на Вест Сајд. Претходниот сопственик на куќата, милионер, направил „соба за паника“ за да ги заштити оние кои живеат во куќата од натрапниците. Просторијата е заштитена со бетон и челик од сите страни, густа челична врата и има широк безбедносен систем со повеќе камери за надзор, систем на јавни адреси и посебна телефонска линија. Ноќта кога се преселиле во куќата, внукот на претходниот сопственик; вработен во безбедносната компанија на резиденцијата и Раул, најмен убиец, влегуваат во куќата по обврзници од 3 милиони американски долари затворени во подот, во просторијата за паника.

Игрите мачки и глувци се предвидливи, но Дејвид Финчер докажа дека може да направи ремек дело дури и во мали простории.

GOLD
To Top