Новости

Филм

Со гледаност од 17.4 милиони првата епизода од 8-та сезона на „Game of Thrones“ руши рекорди

Првата епизода од осмата сезона на популарната серија „Игра на тронови“ („Game of Thrones“) беше емитувана викендов на HBO. Со гледаноста која ја имала таа ја доби титулата за најгледана емисија во еден ден во историјата на HBO, од 1978 година па до денес.

Компанијата која ја следи гледаноста на емисиите „Nilsen“ соопшти дека вкупно 17.4 милиони луѓе ја гледале првата епизода од последната сезона на оваа серија.

Од компанијата наведуваат дека се очекува последната епизода од сезоната која ќе се емитува идниот месец да има уште поголема гледаност.
Осмата сезона на серијата „Игра на тронови“ („Game of Thrones“) беше долго очекувана, а паузата помеѓу 7-та и 8-та сезона беше 20 месеци.

GOLD
To Top