Новости

Филм

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” доби повеќе признанија, ќе биде прикажан на седум фестивали

“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Во конкуренција со побединкот од Кан, кореанскиот “Паразит” и други врвни филмски остварувања, со уште едно признание “Петрунија” дефинитивно се наметнува како еден од најуспешните филмови оваа година.

Во месец јули “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина.

Јулската турнеа на филмот започна со EURASIA INTL. FILM FESTIVAL, Kazakhstan, Nur-Sultan, https://eiff.kz/eng/festival-2019/official-program/the-main-contest/god-exists-her-name-is-petrunya.html, потоа продолжува на филмскиот фестивал во Ереван каде исто така е во главната конкуренција GOLDEN APRICOT YEREVAN INTERNATIONAL FILM FESTIVAL, ERMENIA 7-14th July, http://www.gaiff.am/films/2019/god-exists-her-name-is-petrunya.

Следната недела филмот ќе биде преставен пред Хрватската публика на двата најпрестижни фестивали во Хрватска Pula Film Festival, 13 – 21/07/2019https://www.pulafilmfestival.hr/en/filmovi/3114 и MOTOVUN FILM FESTIVAL, Croatia, 23-17 July, https://motovunfilmfestival.com/en/film/god-exists-her-nam-is-petunya/.

Потоа Австралискиот дистибутер го носи филмот во Нов Зеланд на пред-премиерно прикажување на NEW ZEALAND INTERNATIONAL FILM FESTIVAL, 18 Jul–11 Aug, https://www.nziff.co.nz/2019/auckland/god-exists-her-name-is-petrunya/.

Како подготовка за Кинеската дистибуција, Кинескиот дистибутер филмот како п��ед-премиера го прикажува на  First International Film Festival, Xining, China, 20-28 July https://www.firstfilm.org.cn/en/

“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја има привилегијата да биде филм на затварање во Украина на

ODESSA INTERNATIONAL FILM FESTIVAL , 12-20 July, https://oiff.com.ua/en/festival/programm.html#

 

“Петрунија” за половина година веќе ја заобиколи планетата и веќе се здоби со шест награди и е ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет. Во моментов сеуште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесета недела, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.

 

 

GOLD
To Top