Новости

Филм

Филмот „Dogs of war“ освои прво место на натпреварот „Филм конверт“

Битолскиот краток филм „Воени кучиња“ или „Dogs of War“, на режисерите Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, освои прво место на интернационалниот натпревар за краткометражни филмови „Филм конверт“.

– Наградите се во повеќе категории, а најпрестижна е „пиплс чоис“, која успеавме да ја освоиме. Натпреварот беше отворен за цел свет и учествуваа над 700 учесници – истакна Пеце.

Филмот е снимен во Битола кај местото викано „Кај Авионите“ Сценариото и режијата се на Пеце Здравковски и на Бојан Соклевски, а филмската екипа ја сочинуваат: Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска, Филип Каранфиловски, Христијан и Ангела Српчански и Симона Јосифовска. Улогите ги играат: Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски, Елизабета Јованоска.

GOLD
To Top