Новости

Филм

,,Аватар 2“ на бокс офисот ширум светот, веќе надмина 2 милијарди долари

„Avatar 2: Path of Water“ успешно ги полни кино благајните во Северна Америка и веќе влезе во тесниот круг на филмови кои надминаа две милијарди долари ширум светот, покажуваат прелиминарните податоци на специјализираната компанија Exhibitor Relations, објавени во неделата.

Со приход од 19,7 милиони долари овој викенд (петок до недела) во Соединетите Американски Држави и Канада, наспроти 31 милион долари минатиот викенд, филмот на Џејмс Камерон доминира на табелата со најголема заработка шеста недела по ред.

Филмот заработи речиси 598 милиони долари во Северна Америка, а 1,43 милијарди во остатокот од светот, надминувајќи ја симболичната граница од 2 милијарди долари.

Евротип
SNBROKER
To Top