Новости

Филм

Вечниот дуел на Џокер и Бетмен – Мрачна и тензична сцена која не заврши во новиот филм за херојот

Режисерот на новиот филм за Бетмен Мет Ривс на својот Твитер објави мрачна слика на која се гледа нечиј грб, а Бетмен ја гледа оваа личност низ решетки. Над сликата, Ривс напиша: „Кој се смее последен?“

Најголемите обожаватели на „Темниот витез“ веднаш напишаа дека неименуваниот лик веројатно е Џокер, а местото каде што се сретнале овие двајца ривали е психијатриската болница Аркам. Само неколку часа подоцна, на YouTube се појави видео кое ја потврди нивната теорија. Станува збор за сцена од 5 минути, која случајно не завршила во финалната верзија на филмот.

Неговите главни протагонисти се Бетмен, кој го игра Роберт Патинсон, и неговиот главен непријател Џокер, кој го игра Бери Коган. Првиот дојде во психијатриската болница Аркам за да се обиде да добие информации од Џокер за серискиот убиец Ридл, кој веќе некое време му испраќа мистериозни пораки. Нивниот многу тензичен вербален дуел можете да го погледнете во продолжение.

Евротип
SNBROKER
To Top