Новости

Филм

„Врба“ на Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, при Друштвото на филмскитеработници наМакедонијаво состав: Игор Иванов -режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ –актер,Тамара Котевска –режисер, Самир Љума –кинематографер, Мартин Иванов –монтажер, Иван Ѓоршев –мајстор на светло и Сања Арсовска -актерка, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда за 2021 година. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, , „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли. Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 93-та церемонија за доделувањена Оскарите ќе се одржи во недела, 25 април 2021 година,во Лос Анџелес.

GOLD
To Top