Новости

Филм

Дали „дигиталната детоксикација“ може да го спаси бракот и разумот? – Филм со Ева Лонгорија кој одговара на ова прашање

,,Unplugging”, дистрибуирана од Blitz Film, е најновата романтична комедија која одговара на прашањето дали одморот без интернет или социјални мрежи е доволно романтичен начин да се поправи врската.

Овој брачен пар чувствува дека ја изгубил магијата, па телефоните и таблетите го заменуваат нормалниот живот.

Сопругот повеќе нема да ја издржи таа ситуација и планира мирен, релаксирачки викенд во оддалечен планински град. Без деца, без телефони, без социјални мрежи, само чист воздух и многу романса. Но, она што започнува како совршен викенд брзо станува катастрофално.

Без ГПС за да ги води или социјални мрежи за да ја спречат нивната досада, Ден и Џенин се принудени повторно да се поврзат еден со друг. Она што е интересно за овој фил е актуелната тема која ја разработува:

,, Дали „дигиталната детоксикација“ навистина може да го спаси нивниот брак и разум? Главните улоги ги толкуваат холивудската ѕвезда Ева Лонгорија и комичарот Мет Волш, двапати номинирани за наградата Еми.

Евротип
SNBROKER
To Top