Новости

Филм

Ентони Хопкинс и Ен Хатавеј во драмата „Време на Армагедон“, која ги буди најискрените емоции

Најновиот филм на режисерот Џејмс Греј, ВРЕМЕ НА АРМАГЕДОН веќе е се прикажува низ светските кина. Филмот, кој ги собра некои од најважните и најгласните имиња во Холивуд, ќе ги воодушеви љубителите на седмата уметност.

Оскаровците Ен Хатавеј и Ентони Хопкинс, заедно со Џереми Стронг и младите актери Бенкс Репет и Џејлин Веб, ќе ни раскажат емотивна и искрена животна приказна за растењето, погрешното прилагодување, соништата и неправдата.

Во кратката содржина за филмот е запишано:

„Крај на една ера. Почеток на се…
Длабоко лична приказна за растењето во Квинс во 1980-тите, силата на семејството, сложеноста на пријателството и генерациската потрага по американскиот сон.
Актери: Ен Хатавеј, Џереми Стронг, Ентони Хопкинс, Џесика Частејн, Доменик Ломбардоци.“

Во продолжение погледнете го трејлерот кој меѓу другото зборува и за неверојатниот талент на овие големи актерски имиња.

Евротип
SNBROKER
To Top