Новости

Филм

Закажана е премиерата на филмот „101 Далматинец“ – Ема Стоун во улога на Круела де Вил

,,101 Далматинец” е новиот филм на Дизни чија премиера е закажана за 28 Мај 2021 година.
Улогата на Круела де Вил – негативецот на оваа приказна, ќе ја игра Ема Стоун.
Интересна е првата реплика со која започнува филмот. ,,Јас се родив брилијантна, но малку злобна и малку луда!”

Инаку што се однесува до дејствието и приказната, ќе се одвивават во Лондон во 1970 година и главното внимание ќе биде кон Естела де Вил чија главна цел е да стане моден креатор и да изгради кариера од сето тоа. Со текот на времето таа станува опседната со крзното на кучињата, станува злобна и сурова.
Што ќе се случува и дали Ема Стоун ќе ја одигра улогата како што и доликува на една злобничка – негативец на Дизни, едвај чекаме да видиме.

 

GOLD
To Top