Новости

Филм

Згасна животот на Мустафа Надаревиќ кој ќе го паметиме по улогата на Изет Фазлиновиќ од серијата ,,Луд, збунет, нормален!”

Големото актерско име на Мустафа Надаревиќ ја изгуби битката за живот. На актерот неодамна му беше констатирана дијагноза рак на белите дробови. Умира на 78 годишна возраст борејќи се во домашни услови после долго боледување во болница. Поради актуелната ситуација, медиумите пренесуваат дека актерот го немал напуштено својот дом веќе подолго врдме. Веста за неговата смрт, ја потврди неговото семејство.

Инаку Мустафа Надаревиќ е роден во Бања Лука во 1943 година, а дипломирал глума во 1967 година на академијата за драмски уметности во Загреб. Тој ја започнал својата кариера во Младинскиот театар во овој град, но исто така глумел во драмскиот театар Гавела, Керемпух, Риека и Сплит ХНК, како и на Летниот фестивал Дубровник и летниот фестивал во Сплит.
Првите големи улоги ги добил во домашните претстави, Дундо Марое, Милетиќ во Оставка, господа Глембајеви, но исто така играл бројни улоги и на странски репертоар.

Публиката ќе го памети и по многубројните улоги во телевизиски филмови и серии, но најзапаметен ќе остане по улогата на Изет Фазлиновиќ во во урнебесната комедија – серијата ,,Луд, збунет, нормален” која се снимаше од 2007 до 2016 година.
Добитник е на голем број награди и признанија за својата работа, вклучувајќи ја и наградата за животно дело, “Владимир Назор” во 2016 година.
Со заминувањето на овој актер, светот изгуби големо име. Долгогодишен виртуоз кој секогаш ќе живее на сцената и филмските платна.

GOLD
To Top