Новости

Филм

Излезе трејлерот за филмот „Avatar: The Way of Water“ и е спектакуларен

Објавен е првиот трејлер за Avatar: The Way of Water, продолжение на сагата за чудесните жители на Пандора, која прикажува нови суштества – летечки риби, народот Нави и граѓанската војна меѓу нив. Зои Салдана ја репризираше улогата на Нави принцезата Натири, а Сем Вортингтон исто така се враќа како човекот кој стана Нави, Џејк Сали.

Во режија на Џејмс Камерон, а продуцирани од Камерон и Џон Ландау, во филмот играат Зои Салдана, Сем Вортингтон, Стивен Ланг, Клиф Кертис, Џоел Дејвид Мур, Еди Фалко, Џејми Клемент и Кејт Винслет.

Да потсетиме, популарната продукција на Аватарот на Џејмс Камерон (Терминатор, Терминатор 2, Осми патник 2, Титаник) од премиерата во 2009 година до април 2019 година го држеше рекордот за најголема заработка, кога беше надмината со филмот Одмаздници: Крајот на играта , но Аватар е вратен на првото место на кое денес стои.

Една од причините поради која публиката го чека продолжението речиси тринаесет години, објасни Џејмс Камерон, е тоа што најголемиот дел од филмот е снимен под вода. Долгоочекуваниот филм ќе биде достапен за јавноста во кината од 15 декември.

Во продолжение погледнете го првиот трејлер за „Avatar: The Water’s Way“:

Евротип
SNBROKER
To Top