Новости

Филм

ЛЕЈДИ ГАГА ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА „ЏОКЕР“?

Лејди Гага како Харли Квин во продолжението на „Џокер“?

После објавувањето на веста дека сценариото за продолжението на Џокер е подготвено да оди во продукција, првата вест која пристигнува ни кажува дека заедно со Хоакин Феникс, во вториот дел би можела да игра и Лејди Гага.

Актерката и познатата екстравагантна пејачка, е во рани преговори со продукцијата на филмот Џокер, каде би играла заедно со Хоакин Феникс, кој доби Оскар за насловната улога во 2019 година. Филмот во режија на Тод Филипс заработи една милијарда долари ширум светот, а дали ова е само уште една шпекулација и лажна вест останува да видиме.

Евротип
SNBROKER
To Top