Новости

Филм

Најавени нови епизоди од „Принцот од Бел-Ер“

Стрим платформата Пикок најави нови епизоди од хумористичната серија „Принцот од Бел-Ер“ (Fresh Prince of Bel-Air). За почеток, се договорени две сезони.

Се работи за преработка, а не за продолжение на оригиналната серија којашто се прикажуваше во периодот 1990 – 1996 година.

Во оригиналната серија Вил Смит ја играше главната улога. Сега тој ќе биде продуцент.

Проектот е во фаза на снимање.

 

GOLD
To Top