Новости

Филм

Најавено продолжението на хитот на Марвел -Нов трејлер за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“

„Black Panther“ беше еден од филмовите за суперхерои со најголема заработка од Marvel Comics. Со буџет од 200 милиони долари успеал да оствари профит од 1,344 милијарди долари.

Голем придонес за успехот на филмот имаше и Чедвик Босеман во улогата на насловниот лик. За жал, поради неговата прерана смрт, веќе нема да можеме да го гледаме во костимот на Црн Пантер.

Вториот дел од филмот беше снимен, а неговиот прв трејлер дебитираше на стрипот во Сан Диего.

Сега е пред нас уште една возбудлива авантура во Ваканда. Кралот можеби го нема, но неговите наследници и сојузници се соочуваат со нови непријатели кои навлегуваат во нивната земја, па тие мора да најдат начин да останат обединети и да им се спротивстават.

Black Panther: Wakanda Forever, како и првиот во серијата, го режираше Рајан Куглер, кој исто така го напиша филмот заедно со Џо Роберт Кол. Улогите ги толкуваат: Летиша Рајт, Лупита Нионго, Данаи Гурира, Винстон Дјук, Тенох Хуерта и Мартин Фримен.

Филмот својата премиера ќе ја има на 11 ноември.

Евротип
SNBROKER
To Top