Новости

Филм

Недела на современ полски филм во Битола

Од 22ри до 24ти декември 2021 г.со почеток во 19:30 ч. во малата сала на НУ Центар за култура Битола ќе се одржи „Недела на современ полски филм“, организирана во соработка со Амбасада на Република Полска, и НУ Кинотека на Р.С.М.
На филмската ревија ќе бидат прикажани три филма:
22 ДЕКЕМВРИ (среда), 19:30 ч.
ТРАГИ
(Spoor / Pokot)
Игран филм, Полска, Чешка, Германија, Шведска, Словачка
2017, 128 мин., колор
23 ДЕКЕМВРИ (четврток), 19:30 ч.
ЛИЦЕ
(Twarz / Mug)
Игран филм, Полска
2018, 91 мин., колор
24 ДЕКЕМВРИ (петок), 19:30 ч.
СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА
(Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love)
Игран филм, Полска / Шведска
2016, 106 мин., колор
Возрасна категорија на филмовите е 14 години.
Филмовите ќе се прикажуваат во малата сала во Ценатарот за култура, влезот е бесплатен.
Задолжително почитување на Ковид мерките, прикажување на сертификат за вакцинација, носење маска и држење дистанца

Во прилог повеќе информации за филмовите.
22 ДЕКЕМВРИ (среда), 19:30 ч.
ТРАГИ
(Spoor / Pokot)
Игран филм, Полска, Чешка, Германија, Шведска, Словачка
2017, 128 мин., колор, ДЦП
Режија: Агњешка Холанд (Agnieszka Holland)
Сценарио: Олга Токарчук, Агњешка Холанд (Olga Tokarczuk, Agnieszka Holland)
Улоги: Агњешка Мандат, Виктор Жборовски, Јакуб Гершал (Agnieszka Mandat, Wiktor Zborowski, Jakub Gierszal)
Душејко, ексцентрична пензионирана градежна инженерка, астролог и вегетаријанка, живее во мало планинско село на чешко-полската граница. Еден ден нејзините сакани кучиња исчезнуваат и Душејко не може никаде да ги најде. Неколку месеци подоцна, во една снежна ноќ, интровертниот сосед на Душејко налетува на мртвото тело на ловокрадец што живее во близина. Неговата смрт е мистериозна. Единствените траги околу телото се оние од копитата на елените… Како што одминува времето, се откриваат сè пострашни убиства. Жртвите припаѓале на локалната елита и биле страсни ловци. Душејко се обидува да ги убеди локалните полициски сили дека биле убиени од диви животни. Пронајдено е уште едно тело, а Душејко е главна осомничена, бидејќи таа последна ја видела жртвата. Кога локалната парохија ќе ја зафати пламен, а свештеникот и капеланот на локалното ловечко друштво загинуваат во пожарот, полицијата е речиси сигурна кој го сторил тоа…
ТРАГИ освои десеттина награди и номинации на светските фестивали, меѓу кои и „Сребрената мечка“ на Берлинале, наградата на асоцијацијата на американските критичари и полската национална филмска награда за Холанд, наградата најдобра актерка на фестивалот во Ваљадолид (Шпанија) за Агњешка Мандат, послаката национална награда за најдобар актер за Јакуб Гершал… Кинематограферката Јоланта Дилевска (Jolanta Dylewska) со ТРАГИ беше во конкуренција за награда на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Возрасна категорија: 14 години
23 ДЕКЕМВРИ (четврток), 19:30 ч.
ЛИЦЕ
(Twarz / Mug)
Игран филм, Полска
2018, 91 мин., колор, ДЦП
Режија: Малгоржата Шумовска (Malgorzata Szumowska)
Сценарио: Михал Енглерт, Малгоржата Шумовска (Michal Englert, Malgorzata Szumowska)
Улоги: Матеуш Кошчукевич, Агњешка Подшадлик, Малгоржата Горол (Mateusz Kosciukiewicz, Agnieszka Podsiadlik, Malgorzata Gorol)
Дејството во филмот, делумно работен според вистинска приказна, е сместено во мал град во Полска. На 6 ноември 2010 година, во Швибоџин, западна Полска, е откриена највисоката статуа на Христос во светот, висока 36 метри без постаментот. А во 2013 година, пак, 33-годишен маж – жртва на несреќа на работното место, е подложен на првата трансплантација на лице извршена во Полска… Филмот ЛИЦЕ ги спојува овие два неформални факти во една приказна: главниот лик во трагикомедијата од полската режисерка Шумовска е Јацек, кој слуша хеви-метал музика и ја сака својата девојка и кучето. За неговото семејство, како и за повеќето сограѓани, Јацек е „чуден“. Тој работи на конструкција која треба да стане најголемата статуа на Исус во светот. Кога во една тешка несреќа потполно ќе му биде уништено лицето, Јацек е подложен на првата трансплатација на лице во земјата.
Сторијата за човекот кој се соочува со предрасудите на околината по трансплантацијата на лицето, ја освои „Сребрената мечка“ на Берлиналето 2018 година, и имаше забележително учество на десетина филмски фестивали во светот.
Возрасна категорија: 14 години
24 ДЕКЕМВРИ (петок), 19:30 ч.
СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА
(Zjednoczone Stany Miłości / United States of Love)
Игран филм, Полска / Шведска
2016, 106 мин., колор, ДЦП
Режија: Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski)
Сценарио: Томаш Василевски (Tomasz Wasilewski)
Улоги: Јулија Кијовска, Нагдалена Челецка, Дорота Колак, Марта Нерадкиевич (Julia Kijowska, Magdalena Cielecka, Dorota Kolak, Marta Nieradkiewicz)
Во еуфоричната атмосфера на посткомунистичка Полска од раните 1990-ти, кратко време по падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот Сојуз, четири жени доживуваат сосема поинаква реалност. Тие тонат во сè подлабок очај.
Агата, млада мажена мајка, се наоѓа себеси обземена од несреќниот брак и со опсесивен занес за недостижен маж. Иза е директорка на училиште и е вљубена во таткото на нејзин ученик, но отфрлена од него. Сестрата на Иза, Марзена, некогашна победничка на изборот за убавина во 1986 година и актуелна инструкторка по аеробик, страда од долгото отсуство на нејзиниот сопруг кој работи во Германија. Слично на тоа, Рената, повлечена средовечна професорка, наоѓа утеха во нејзините распеани птици и тивок копнеж по недостижниот предмет на нејзината желба: нејзиниот сосед од соседството.
За жал, додека квартетот жени е во потрага по чиста и интензивна страст на сите можни погрешни места, продорната тага на невозвратената љубов и непрекинатата болка на горчливита опсесии, линеарно ги поврзуваат. Дали болката постои во Соединетите Држави на Љубовта?
СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ НА ЉУБОВТА на Василевски забележа десеттина номинации за награди на светските фестивали, а ја освои „Сребрената мечка“ на Берлинале 2016 за најдобро сценарио и освои најмногу награди на националниот Полски филмски фестивал.

Евротип
Евротип
To Top