Новости

Филм

Трејлер за новата серија на Марвел се фокусира на братучедка на Хулк

Марвел не застанува и ни носи нови и нови херои на малите екрани. На ред е Џенифер Волтерс, братучетка на Брус Банер, попознат како Хулк, а се работи за серијата наречена She-Hulk: Attorney At Law, за која е објавен првиот трејлер.

Џенифер Волтерс е адвокатка која има триесет години и која има проблеми да балансира меѓу деловниот и приватниот живот, а потоа почнува да се претвора во големо зелено суштество, како нејзиниот братучед Брус. Во трејлерот не е објаснето зошто се случува оваа трансформација, а во стрипот тоа се случува кога ќе добие трансфузија на крв од него и на тој начин добива дел од неговите способности.

Заплетот на серијата не е премногу детално објаснет, но најавено е дека се работи за комедија. Главната улога ја толкува Татјана Маслани, Марк Рафало се враќа како „паметниот“ Хулк, Тим Рот повторно го игра Емил Блонски (Грозност), а знаеме дека Бенедикт Вонг ќе се појави како Вонг. Меѓу другите улоги се Џинџер Гонзага, Џош Сегара, Џамила Џамил, Џон Бас и Рене Елис Голдсбери.

Она што е малку проблематично во трејлерот, барем ако се суди според коментарите, е компјутерската анимација на ликовите, особено насловните ликови, но оставаме сами да процените. She-Hulk: Attorney At Law ќе има 9 получасовни епизоди, кои ќе бидат достапни на Disney + од 17 август.

Евротип
SNBROKER
To Top