Новости

Филм

Објавени првите фотографии за петтиот дел за Индијана Џонс

Објавени се првите официјални слики од долгоочекуваниот петти дел од филмската сага за археологот и авантурист Индијана Џонс, кој сите овие години го толкуваше Харисон Форд.

Списанието Empire го посвети своето ново издание на овој филм, а за да го промовира, на својот Твитер објави две слики од филмот. На првата го гледаме 80-годишниот Харисон Форд, кој како професор по археологија Индијана Џонс повторно се бори против нацистите, додека на втората слика е шведскиот актер Мадс Микелсен во улогата на Валер, негативец донекаде инспириран од Вернхер фон. Браун, нацистички инженер, кој по Втората светска војна работел за американската организација НАСА.

Сè уште ненасловениот петти дел од сагата за Индијана Џонс ќе ја има својата светска премиера на 30 јуни 2023 година.

Евротип
SNBROKER
To Top