Новости

Филм

Објавен првиот трејлер за новиот филм на Мартин Мекдона со Колин Фарел и Брендон Глисон

Новиот филм на режисерот Мартин Мекдонах ,,The banshees of inisherin”, ќе ја доживее својата премиера на 5 септември на овогодинешниот 79ти филмскиот фестивал во Венеција. Објавен е првиот трејлер за филмот за кој се предвидува дека ќе биде доста успешен.

Приказната, сместена на западниот брег на Ирска, ги следи двајцата долгогодишни пријатели Падраиг (Колин Фарел) и Колм (Брендан Глисон) кои се наоѓаат во ќорсокак откако Колм одеднаш одлучува да го прекине нивното пријателство. Со помош на неговата сестра Сиобан (Кери Кондон) и неговиот пријател Доминик (Бери Коган), кој е син на локален полицаец, збунетиот и очаен Падраиг се обидува да го врати пријателството кое било заробено и изгубено во малата и изолирана островска заедница. Но, кога Колм поставува ултиматум, настаните почнуваат да ескалираат до незамисливи граници.

Тое црна комедија, во исто време драма од филмската компанија Searchlight.

Евротип
SNBROKER
To Top