Новости

Филм

Откриено кога ќе пристигне петтата сезона на „The Crown“

На официјалната страница на серијата,,The Crown”, е објавен датумот на пристигнување на петтата сезона. Тоа ќе се случи на  9 ноември, а фанпвите веќе се љубопитни за понатамошниот тек на настаните.

Се верува дека ова ќе биде и последна сезона од серијата на Нетфликс, пишува Index.hr.

По четири многу успешни сезони и двегодишна пауза на почетокот на ноември, се ближиме до крајот. Објавата за само 13 часа им се допадна на повеќе од 230 илјади луѓе, а сите се прашуваат кога ќе биде достапен трејлерот.

Што не чека во петтата сезона?

Не чекаат нови актери, па сега ликот на кралицата ќе го толкува Имелда Стаунтон по Клари Фокс и Оливија Колман. Нејзиниот сопруг го игра актерот Џонатан Прајс. Принцот Чарлс го толкува Доминик Вест, чиј избор беше големо изненадување за гледачите.

Серијата е создадена од Питер Морган и е една од најскапите на Нетфликс. Се проценува дека само продукцијата на првата сезона чинела околу 100 милиони долари.

Евротип
SNBROKER
To Top