Новости

Филм

Првата фотографија на Марго Роби како Барби во истоимениот филм

Студио на Ворнер Брос Pictures го објави датумот на прикажување на филмот Барби, кој ќе можеме да го гледаме следното лето. Филмот во кој Марго Роби ја игра насловната улога во светските кина пристигнува на 21 јули 2023 година.

Заедно со оваа информација, од познатото филмско студио ја добивме и првата фотографија од Марго Роби во улогата на Барби, која можете да ја погледнете во продолжение.

Покрај тоа што ја игра главната улога во оваа популарна продукција инспирирана од кукли, Марго Роби е и еден од нејзините главни продуценти. Грета Гервиг е задолжена за режијата на филмот, според сценариото кое го напиша заедно со нејзиниот сопруг Ноа Баумбах.

Партнерот на Барби, Кен го игра Рајан Гослинг, а останатите ликови ги толкуваат Америка Ферара, Симу Ли, Кејт Мекинон, Мајкл Сера, Вил Фарел и Аријана Гринблат.

Извор: Coming Soon

Евротип
SNBROKER
To Top