Новости

Филм

Претера ли Холивуд со филмовите за Бетмен? – Роберт Патинсон во главна улога

Во последно време како да е некој тренд во Холивуд да се случуваат продолженија на познати филмови, серии, приказни. И после оживувањето на анимираните ликови на омилените бајки, следат некогашните херои од стриповите. Но, прашањето е дали ова веќе станува клише во Холивуд? Дали ќе измислат нешто ново и што друго може да се измисли од една иста приказна која по милионити пат ќе биде прераскажана. Како и да е, ние не сме холивудски критичари, а нити па светски, но не оговараме, само си разговараме… (хехенце) Нели?!

Инаку улогата на главниот лик, новиот,, Бетмен” Брус Вејн, ја игра Роберт Патинсон. Готам е во хаос, а младиот Бетмен е само на почетокот на својата одмаздничка кариера – поминаа само две години откако го облече својот костим за прв пат, па момчето се уште се бори да ја најде вистинската мерка и да добие име. Во новите изданија има и други „дежурни виновници“: Catwoman (ја игра Зои Кравиц), Ридлер (Пол Дејн), Пингвин (Колин Фарел под тешка шминка), батлер Алфред Пениворт (Енди Серкис), полицаецот Џејмс Гордон (сеприсутниот Џефри Рајт).. Така, сите споменати улоги некако нурнуваат во свет кој е малку поинаков од она што сме го виделе досега.

Бетмен сега е повеќе детективска мистерија отколку филм за суперхерои, на кој што до сега бевме навикнаги, а што точно се случува и како изгледа новиот филм, погледнете во трејлерот.

Евротип
SNBROKER
To Top